Поставување на телефонот да се заклучува автоматски
Сакате да го заштитите Вашиот телефон од неовластена употреба? Дефинирајте
код за заклучување и поставете го Вашиот телефон да се заклучува автоматски
кога не го користите.
1 Одберете >
Settings
и
Phone
>
Phone management
>
Security settings
>
Phone and SIM card
.
2 Одберете
Security code
и внесете го кодот за заклучување. Потребни се
најмалку 4 знаци, а може да се употребуваат броеви, симболи, големи и мали
букви.
Чувајте го кодот за заклучување во тајност и на сигурно место, одделно од
Вашиот телефон. Ако го заборавите кодот за заклучување, а Вашиот телефон
е заклучен, телефонот морате да го однесете на сервис. Можат да се применат
дополнителни трошоци и можно е сите лични податоци во Вашиот телефон
да бидат избришани. За повеќе информации, контактирајте со некоја Nokia
Care точка или дилерот на Вашиот телефон.
3 Одберете
Phone autolock period
и дефинирајте ја должината на времето по
кое телефонот ќе се заклучи автоматски.
Рачно заклучување на телефонот
Во почетниот екран, притиснете го копчето за вклучување , одберете
Lock
phone
и внесете го кодот за заклучување.
Отклучување на телефонот
Лизгајте го прекинувачот за заклучување на копчињата, внесете го кодот за
заклучување и одберете
OK
.
Ако прекинувачот за заклучување на копчињата е вон дофат, притиснете го
копчето за лизгање и одберете
Unlock
.
Управување со телефонот 119