Користење на гласот за повикување на некој контакт
Можете да го користите гласот за да остварувате повици или да го користите
телефонот.
Гласовните команди не зависат од гласот на говорителот. Командите се
автоматски создадени од Вашиот телефон.
При додавањето на контакти или уредувањето гласовни наредби, не користете
многу кратки или слични имиња за различни контакти или наредби.
Забелешка: Користењето на гласовни ознаки може да биде тешко во бучно
опкружување или за време на итен случај, затоа не можете да се потпрете
исклучиво на гласовно бирање во сите околности.
42
Телефон
Кога го користите гласовното бирање, се користи звучникот. Држете го
телефонот на кратко растојание кога ќе ја изговорите гласовната команда.
1 Во почетниот екран, притиснете и задржете го копчето за повикување.
Доколку користите компатибилни слушалки со копчето прикачено на
слушалката, притиснете и задржете го копчето на слушалката.
2 Се слуша краток тон, и
Speak now
се покажува на екранот. Јасно изговорете
го името кое што е зачувано за контактот.
3 Телефонот репродуцира синтетизирана гласовна команда за препознаениот
контакт во избраниот јазик на телефонот и се покажува името и бројот. За да
го откажете гласовното бирање, одберете
Quit
.
Слушање на гласовната команда за некој контакт
1 Одберете некој контакт и
>
Voice tag details
.
2 Изберете некој детал за контактот.
Доколку неколку броеви се зачувани за некое име, можете исто така да го
изговорите името и типот на бројот, како што се мобилен или фиксен.