За почетниот екран
Во почетниот екран можете:
•
Да ги видите известувањата за пропуштените повици и примените пораки
•
Да ги отворите Вашите омилени апликации
•
Да ги контролирате апликациите, како на пример музичкиот плеер
•
Да додадете кратенки за различни функции, како на пример пишување порака
•
Да ги прегледате Вашите омилени контакти и брзо да ги повикате или да им
испратите пораки
Можете да имате повеќе почетни екрани, на пример одделен почетен екран за
работа и за Вашиот приватен живот.
Елементите во почетниот екран се интерактивни. На пример, ако го одберете
часовникот се отвора апликацијата Часовник.