Nokia E6 00 - Упатување итен повик

background image

Упатување итен повик
1

Проверете дали телефонот е вклучен.

2

Проверете дали постои соодветна јачина на сигналот. Можеби ќе биде потребно да го направите следното:

Вметнете SIM картичка.

Деактивирајте ги ограничувањата на повици што ги имате активирано за телефонот, како што се

спречување на повик, фиксно бирање или затворена група на корисници.

Обезбедете дека offline профилот или профилот за авионски режим не се активирани.

Ако екранот и копчињата на телефонот се заклучени, отклучете ги.

3

Притискајте го копчето end постојано, се додека не се прикаже почетниот екран.

4

Внесете го официјалниот број за итни случаи за Вашата моментална локација. Итните броеви за повикување се

разликуваат според локацијата.

5

Притиснете го копчето за повикување.

6

Соопштете ги сите неопходни информации што е можно попрецизно. Не прекинувајте го повикот додека не

добиете дозвола за тоа.

126 Информации за производот и безбедноста

background image

Кога ќе го вклучите телефонот за првпат, ќе се побара да создадете Nokia сметка. За да остварите итен повик за време

на поставувањето на сметката, притиснете го копчето за повик.

Важно: Активирајте ги и мобилните и интернет повиците, ако Вашиот телефон поддржува интернет повици.

Телефонот може да се обиде да оствари итни повици и преку мобилните мрежи и преку Вашиот оператор на интернет

повици. Не може да се гарантираат конекции во сите услови. Никогаш не потпирајте се само на кој и да е безжичен

телефон за важни разговори како што се итни медицински случаи.