Гледање на слики и видео записи на ТВ
Можете да гледате слики и видео записи на компатибилен ТВ и можете да им ги
прикажете на Вашето семејство и на пријателите.
Морате да користите Nokia кабел за видео поврзување (достапен одделно) и може
ќе треба да ги измените прилагодувањата за ТВ-излез и размерот на гледање. За
да ги измените прилагодувањата на ТВ-излезот, одберете >
Settings
и
Phone
>
Accessories
>
TV-Out
.
1 Поврзете Nokia кабел за видео поврзување со видео влезот на
компатибилен TV. Бојата на приклучоците мора да одговара на бојата на
штекерите (подножјата).
2 Поврзете го другиот крај на Nokia кабелот за видео поврзување со Nokia AV
конекторот на вашиот телефон. Може ќе треба да одберете
TV-Out cable
како
режим за поврзување.
3 Пребарувајте за датотеката која сакате да ја прикажете.
Вашите фотографии и видео записи
73
Не поврзувајте производи кои што произведуваат повратен сигнал бидејќи тоа
може да го оштети уредот. Не поврзувајте никаков извор на напон во Nokia AV
конекторот. Ако во Nokia AV конекторот поврзувате надворешен уред или
слушалки, различни од оние што се одобрени од Nokia за користење со овој уред,
обрнете посебно внимание на нивото на јачината на звук.